Свет
26. December 2015 - 9:33

Сириските власти пронајдоа хемиско оружје во провинцијата Латакија

Припадници на сириската армија открија компоненти на хемиско оружје во една болница во провинцијата Латакија, јави ТАСС. 

Според сириските власти, боевите отрови во болницата ги донеле припадници на бунтовничките групи, со цел потоа да ја обвинат Армијата на Сирија за употреба на хемиско оружје.

Истите извори информираа дека во болницата била пронејдена и техничка опрема за производство на боеви отрови.

Владините сили го откриле хемиксото оружје за време на оперција против бунтовниците во северниот дел на Латакија.