Свет
16. May 2017 - 15:15

Сириските власти ги отфрлија тврдењата на САД за крематориум во еден од нивните затвори

Сириските власти денеска ги отфрлија американските обвиненија дека во еден од нивните затвори има крематориум, што е можно да се употребува за уништување на посмртни останки на затвореници.

Според официјален Дамаск, тврдењето воопшто не е вистинито, пренесоа британските медиуми.

Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека со тврдењата за крематориум во воениот затвор „Седнаја“, крај Дамаск, американската Влада измислила „нова историја, достојна за Холивуд, која нема никаква врска со актуелната ситуација“, соопшти агенцијата САНА.

Стјуард  Џонс, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за Блискиот исток, вчера изјави дека, според американските власти, крематориумот е можно да се употребува за уништување на тела во затворот. Таму, исто така, според нив, во екот на сириската граѓанска војна владата на Асад одобрила да се извршуваат масовни бесења на илјадници затвореници.