Свет
3. February 2018 - 20:40

Сириски бунтовници собориле руски борбен авион во северниот дел на Сирија

Сириските бунтовници собориле руски борбен авион во северниот дел на Сирија, каде се извршуваат воздушни удари, наведе раководителот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман. 

Авионот бил соборен во близина на градот Саракеб, што е под контрола на бунтовниците. 

Рахман посочи дека пилотот успеал да се приземји. Подоцна беше соопштено дека тој е убиен. 

Телевизијата „Скај њуз - Арабија“, објави дека авионот бил соборен со ракета.