Сириски бунтовници обучени од САД му предале опрема и муниција на Фронтот „Ал Нусра“
Сириски бунтовници обучени од САД предале дел од својата опрема и муниција на Фронтот Ал Нусра, која е поврзан со Ал Каеда, во замена за безбедно преминување, изјави вчера портпарол на Централната команда на американските вооружени сили, полковникот Патрик Рајдер, јави БТА.
Светските медиуми коментираат дека ова е уште еден удар за американската програма за обучување на локалните партнери, кои се борат против Исламска држава.
- Бунтовниците му предале шест пикапа и одредена количина муниција на претставник на Ал Нусра во замена за безбеден премин, истакна Рајдер.
- Доколку се докаже како точна информацијата дека членови на Новите сириски сили (НСС) му давале оружје и опрема на Фронтот Ал Нусра, тоа ќе биде доста вознемирувачко и ќе претставува нарушување на директивите на Сирија за обука и доставување опрема, рече Рајдер.
Американската Централна команда, која раководи со американските воени операции на Блискиост Исток, за предавањето на опремата и оружјето била известена вчера попладне.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители