Свет
5. October 2015 - 15:55

Сириски бунтовнички групи повикуваат за регионален сојуз против Русија и Иран

Сириските бунтовнички групи, вклучително моќната исламска фракција „Ахрар ал Шам“, ги повикаа земјите од регионот да формирааат сојуз против Русија и Иран во Сирија.

Во соопштението на „Ахрар ал Шам“ се наведува дека бунтовниците, меѓу кои и групи блиски на Слободната сириска армија ќе биде неопходно да соработуваат против руско-иранскиот сојуз, што ја окупира Сирија.