Свет
14. October 2019 - 23:20

Сириската војска влезе во Манбиж

Сириската војска денеска влезе во градот Манбиж во северна Сирија, јавуваат сириските државни медиуми.

По турската офанзива во северна Сирија и повлекувањето на САД, Сирија ги испрати своите трупи длабоко на територијата што ја држат Курдите, јужно од турската граница.

Претходно денеска, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека турските трупи и сојузниците од сириската опозиција се подготвени да извршат напад врз градот Манбиж, кој беше под контрола на сириските Курди.

– Ќе ја спроведеме нашата одлука за Манбиж – рече Ердоган пред новинарите.

Во меѓувреме, сириските Курди постигнаа договор со владата во Дамаск за заедничка одбрана против турската инвазија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.