Сириската војска го спасила вториот руски пилот
Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа откако нивниот борбен авион беше урнат од турски-ловец Ф-16 е спасен откако го пронашла сириската армија, соопшти рускиот амбасадор во Франција.
- Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа област. Другиот пилот успеал да побегне. Според последните информации спасен е од страна на сириската армија и веќе е на пат кон руската база, изјави амбасадорот Александар Орлов за Европа 1 радио, пренесува БТА.
Оваа информација ја објави и либанската телевизија „Ал Мајден Њуз“, која тврди дека сириските сили го обиколиле пилот кога се приземјил, го чувале два часа пред да дојде спасувачкиот хеликоптер и го одвел во руската база Хмејм во Латакија. Спасувачката операција траела околу шест часа.
Телевизијата ANNA-News објави ексклузивна снимка од спасувањето на рускиот војник.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк