Сириската владина делегација ги напушти мировните преговори во Женева
Претставникот на сириската Влада на мировните преговори во Женева, Башар ал Џафари соопшти дека неговата делегација ги напуштила разговорите, што се водат под покровителство на ОН, посочувајќи дека веројатно нема да се вратат на нив ни наредната недела.
Тој нагласи дека поводот за тој чекор е декларацијата на сириската опозиција од мировната конференција „Ријад-2“, каде е наведено дека за сирискиот претседател Башар ал Асад нема место во транзицискиот период.
- Додека другата страна го користи јазикот на „Ријад-2“, напредок нека да има, наведе Џафари.
Тој додаде дека Владата во Дамаск ќе реши дали нејзината делегација ќе учествува на продолжението на преговорите предвидено за следната недела.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура синоќа најави дека последната рунда преговори меѓу сириските власти и опозицијата, што започна во средата, ќе биде прекинати вечерва, по што разговорите ќе продолжат во вторник и ќе траат до 15 декември.
Според Мистура, главни теми на продолжението на преговорите ќе бидат изработката на нов устав на Сирија и организирањето на претседателски и парламентарни избори под контрола на ОН.
Мистура нагласи дека на досегашниот тек на преговорите не било разгледувано прашањето за иднината на сирискиот претседател.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите