Свет
13. February 2017 - 11:37

Сириската Влада е подготвена на размени затвореници со бунтовниците

Сириската Влада е подготвена да размени затвореници со лица „киднапирани од страна на терористички групи“. 

Сириската Влада има постојана подготвеност за извршување на слични размени со бунтовничките групи, особено во рамките на напорите, поврзани со претстојните преговори во Астана, јави државната телевизија „Ал Ихбарија“.

Министерството за надворешни работи на Казахстан соопшти во саботата, дека делегации на сириската Влада и бунтовниците се поканети да учествуваат во преговорите во Астана на 15 и 16 февруари.