Свет
14. December 2015 - 18:36

Сириската армија воспостави контрола врз аеродрoм и град во близина на Дамаск

Сириската армија во целост го контролира градот Марј ал-Султан и неговиот аеродром во Источна Гота.

Марј ал Султан, кој се наоѓа источно од Дамаск, веќе три години беше под контрола на бунтовниците, додека аеродромот, кој е на 15 километри главниот град на Сирија, беше освоен во ноември 2015 година,

Според Сириската опсерваторија за човекови права, сириските безбедносни сили во операцијата биле помогнати од борците на либанската шиитска милиција Хезболах.