Свет
19. September 2015 - 12:01

Сириската армија уби 26 лица во воздушни напади во Палмира

Најмалку 26 лица загина во воздушни напади на сириските владини сили во Палмира, град во централниот дел на земјата, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Опсерваторијата со седиште во Велика Британија, објави дека меѓу жртвите има и 12 припадници на џихадистички групи.

Владините сили извршиле најмалку 25 воздушни напади врз градот.

Палмира се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, а над стотина статуи се преместени на безбедно место со цел да се заштитат од екстремистите на ИД.