Свет
6. October 2015 - 8:48

Сириската армија и сојузници се подготвуваат за копнена офанзива во зона северно од Хомс

Сириските владини војски и нивни сојузници се подготвуваат за копнена офанзива во реон под контрола на бунтовниците и кој беше цел на руски напади од воздух во изминатите денови, изјави извор близок до либански Хезболах, јави ДПА.

Неколку илјади борци од Хезболах, иранската елитна воена единица, сириската армија и милиции, се мобилизирани за напади во зоната северно од централниот град Хомс.

Таа зона која  е бастион на сириската опозиција речиси од почетокот на конфликтот пред 4,5 години, е под контрола на неколку групи меѓу кои и локалниот огранок на Ал Каеда, Џебхат ал Нусра. Според западни медиуми, во тој реон наверојатно Исламска држава нема присуство.