Свет
23. March 2019 - 19:56

Сириска опсерваторија: Во последните шест месеци убиени 630 цивили

Повеќе од 630 цивили, од кои најмалку 200 деца, загинаа во последните шест месеци во судирите на истокот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Меѓу загинатите, освен Сиријци, има и членови на семејства на џихадисти, меѓу кои 209 деца и 1576 жени, соопшти таа невладина организација.

Опсерваторија посочи дека од почетокот на офанзивата во земјата, на 10 септември 2018 година, убиени се 1.600 џихадисти и 730 припадници на арпаско-курдската коалиција.

Повеќе од 370 илјади луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија. Конфликтот кој почна со репресија на опозициските протести во март 2011 година, со текот на години стануваше се посложен, со учество на странски земји и различни џихадистички групи.