Македонија
29. September 2015 - 19:09

Сиријка се породи во Македонија, петто новороденче меѓу мигрантите

Сиријката Менол Суех попладнево на свет донесе здраво девојче во гевгелиската болница.

Мајката со болки околу 11 часот била примена во болницата каде во 15:30 часот била породена по природен пат.

Девојчето е тешко 3.250 грама и долго 51 сантиметар. И мајката и детето се наоѓаат во добра состојба.

Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.

На сите им беше дадена потребната лекарска нега, што е уште една потврда дека Македонија има хуман пристап и им pомага на мигрантите во согласност со своите можности.