-->
-->
Сирија: Најмалку 28 лица загинаа во воздушни напади
-->
- Најмалку 28 цивили загинаа во воздушните напади во северозападниот дел од Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.
Меѓу загинатите има и четири деца, кои настрадаа во градот Аманаз, во провинцијата Идлиб, во близина на границата со Турција, објави Центарот.
Засега не може да се утврди дали нападите ги извршиле авионите на сириската влада или нивниот сојузник Русија.
Овие напади се најнови во сѐ појакото бомбардирање кое го вршат владите на двете земји против џихадистите, кои го контролираат поголемиот дел од провинцијата Идлиб и не се дел од безбедносната зона која ја договорија Русија, Турција и Иран
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк