Свет
30. September 2017 - 10:30

Сирија: Најмалку 28 лица загинаа во воздушни напади

- Најмалку 28 цивили загинаа во воздушните напади во северозападниот дел од Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.

Меѓу загинатите има и четири деца, кои настрадаа во градот Аманаз, во провинцијата Идлиб, во близина на границата со Турција, објави Центарот.

Засега не може да се утврди дали нападите ги извршиле авионите на сириската влада или нивниот сојузник Русија.

Овие напади се најнови во сѐ појакото бомбардирање кое го вршат владите на двете земји против џихадистите, кои го контролираат поголемиот дел од провинцијата Идлиб и не се дел од безбедносната зона која ја договорија Русија, Турција и Иран