Свет
25. November 2020 - 8:35

Сирија: Израелски воздушен напад на Дамаск

Сириската војска соопшти дека во израелските воздушни напади погодена е област во јужното предградие на Дамаск, каде воени дезертери тврдат дека има силно иранско воено присуство.

Во соопштението на сириската војска се вели дека Израел извршил напад од Голанската висорамнина, но се наведува дека е направена само материјална штета. Тоа е втор таков напад за една седмица.

Според тврдења на воени дезертери, целта била воена база во близина на сирискиот дел на Голанската висорамнина, долж границата со Израел, која и претходно била на удар.

Израел во средата минатата недела започна со воздушни напади на, како што рече, широк спектар на сириски и ирански цели во Сирија.