Свет
8. September 2017 - 20:43

Сирија го отфрла обвинението дека употребила хемиско оружје

Сириската Влада го отфрли денеска обвинението за употреба на хемиско оружје, кое е наведено во извештајот на Комисијата на ОН за истрага на непочитувањето на човековите права во таа земја.

- Сирија никогаш не употребувала и нема да употреби отровен гас против своите граѓани, бидејќи не поседува таков гас и смета дека неговата употреба претставува злостроство, изјави постојаниот претставник на Сирија во ОН, Башар Џафари.