Сирија ги отфрли обвинувањата на Франција дека режимот на Асад е одговорен за хемискиот напад
Сириските власти ги отфрлија обвиненијата на Франција дека се директно вмешани во хемискиот напад врз село, под контрола на бунтовниците и го обвинија Париз дека ги крие вистинските извршители.
На 4 април во воздушен напад врз Хан Шејхун во северозападната провинција Идлиб беа убиени 88 лица, меѓу кои 31 дете, според податоци на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад извршиле напад со нервен гас сарин на почетокот на месецот во Сирија, а Асад или некој кој му е близок го наредил тоа, е заклучок на француските разузнавачки служби, кој беше објавен вчера.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро изнесе вчера делови од извештајот на разузнавачката служба за нападот на 4 април во Идлиб, во кој беа убиени 87 лица.
- Нема сомнение дека е употребен гас сарин. Исто така нема сомнение во врска со одговорноста на сирискиот режим со оглед на тоа на кој начин саринот е произведен, изјави Еро пред новинарите по претставувањето на извештајот на француските разузнавачки служби.
Извештајот на француското разузнавање е изготвен врз база на анализи на примероци.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација