Свет
10. October 2016 - 17:52

Сириецот уапсен во Лапјциг бил предаден од негови сонародници

Сириецот, кој по два дена потрага беше уапсен од страна на германската полиција во Лајпциг под сомнеж дека подготвувал терористички напад, бил предаден од негови сонародници, објавија германските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Сириецот Џабер ал Бакр во саботата во Кемниц успеал да и избега на полицијата и беше уапсен откако двајца негови сонародници на кои им се обратил за помош, прво го примиле во нивниот стан, а потоа и јавиле на полицијата каде се наоѓа. 

Во соопштението на полицијата од покраината Саксонија објавено на социјалната мрежа Твитер беше наведно дека 22-годишниот Ал Бакр е уапсен, но не беше објаснета целата ситуација околу начинот на приведувањето на осомничениот терорист.

Според официјалната верзија за апсењето, полицијата добила информација за локацијата на Ал Бакр, но всушност, според медиумите еден од Сиријците кои го примиле во својот дом, заминал да пријави во полицијата, а другиот го чувал осомничениот терорист додека не дошла полицијвите.

Во информацијата за апсењето на Ал Бакр се вели дека полицијата не открива детали од операцијата со цел да не предизвика опасност за луѓето што ја информирале за апартманор каде што се криел Сириецот.

Двајцата Сиријци, кои го прдале Ал Бакр, за потрагата по својот сонародник дознале од јавниот повик на полицијата објавен на арапски јазик, дури откако го примиле осомничениот во својот стан во Лајпциг.

Според наодите на германските служби за безбедност, Ал Бакр сакал да подметне силен експлозив на некој од берлинските аеродроми или на железничка или автобуска станица во Саксонија.