-->
-->
Синтиja Никсoн ги собра потписите за кандидатурата за гувернер на Њујорк
-->
Американската актерка Синтија Никсон, најпозната по улогата на амбициозната адвокатка Миранда во ТВ серијата „Сексот и градот", ги собра потребниот број потписи за да се кандидира за гувернер на американската сојузна држава Њујорк. Нејзе и беа доволни 15.000, а таа соопшти дека собрала 65.000 потписи.
Првичните избори во Демократската партија, во којашто Никсон се натпреварува за кандидатурата, ќе се случат на 13 септември, два месеца пред главните избори. На глумицата партиски соперник ќе и биде сегашниот гувернер Ендрју Куомо, водечка фигура на Демократите, кој е на чело на сојузната држава веќе осум години.
Според испитувањата на јавното мнение, Куомо има 35 процентни поени предност пред Никсон, јави БТА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет