Балкан
29. May 2016 - 13:33

Синот на Зоран ја откри вистината: Тато цела вечер работеше па Јелена ми се јавуваше и...

Урош Марјановиќ, 17-годишниот син на сопругот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ја открива вистината. Момчето тврди дека ја обожавало својата маќеа и дека само болни умови можат да помислат дека ја убил!

Во разговор за Информер, синот на Зоран од првиот брак си ја отвара душата и раскажува се за Јелена.

- Тато и мама се разведоа на мирен начин уште додека бев многу мал. Не ми бешестрашно имам супер однос и со двајцата. За викенд одам кај тато во Борча, а за работните денови сум си кај мајка ми. Брзо ја прифатив и засакав Јелена иако ми е маќеа. Таа беше супер човек. Затоа и по основното училиште решив да живеам кај нив. Мојата мајка го прифати тоа, вели синот на Зоран.

Тој додава дека Јелена никогаш не ја гледал како маќеа или жена која го земала татко му од неговата мајка. Му помагала околу училиште, му подготвувала јадење, го гледала како свое дете. Татко му често цели вечери работел во студиото, а таа му се јавувала нему, го прашувала дали е добро, кога ќе си дојде, дали има некаков проблем.

- Секогаш имаше време за мене колку и за нејзината ќерка, не не делеше. Ја сакав и почитував многу, вели момчето и додава дека не може да се помири со нејзината смрт.

Насловите ми паднаа многу тешко, но успеав да се изборам со нив. Најтешко беше тоа што тато беше во притвор. Ми рече, сешто ќе се зборува и пишува, ние сме невини нема потреба да се плашиш, вели Урош.

Според неговите зборови, Јелена му била втора мајка и само болни умови можат да помислат и напишат дека бил заљубен во неа и дека ја убил.