Балкан
5. April 2017 - 11:54

Синот на Цеца сослушан во полиција поради тепачка и пукање

Полицијата од Бањалука на 3 и 4 април идентификуваа и испрашаа шест лица кои се осомничени дека учествувале во физичка пресметка на паркинг во Лакташи.

Полицисктие службеници ги лишија од слобода и ги испрашаа П.З. (1988), А.З. (1989), Д.Р. (1995), Б.Л.(1995), В.Г. (1997) од Лакташи и В.Р. (1996) од Белград, под сомнение дека извршиле кривично дело насилничко однесување. Медиумите објавија дека момчето со иницијали В.Р. е всушност синот на пејачката Цеца, Вељко Ражнатовиќ.

Во текот на криминалистичката обработка, утврдено е дека лицата меѓусебно физички се судриле, по што се сомнева дека едно од лицата пукало од огнено оружје. Во физичката пресметка две лица се здобиле со телесни повреди и им е укажана медициснак помош.

Полициските службеници и натаму преземаат мерки за пронаоѓање на уште лица вмешани во пресметката.

Дежурниот јавен обвинител од Бањалука наложи да се продолжи со документирање на предметот и собирање на докази и утврдување на сите околности врзани за наведеното кривично дело, па во редовна процедура да се достави извештај.