Џет-Сет
10. March 2018 - 21:06

Синот на Цеца го претепа Бугаринот: Погледнете го бруталниот нокаут на Вељко во втората рунда

Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца и покојниот Аркан, триумфираше во својата прва професионална боксерска борба.

Вељко во рингот дебитираше на боксерскиот спектакл во Јагодина каде пред очите на Драган Марковиќ Палма, Ивица Дачиќ и бројни други угледни домашни и странски посетители, го нокаутираше Бугаринот Краштја Јорданов.

Ражнатовиќ противникот го „патосираше“ во втората рунда.

Погледнете како изгледаше тоа...