Џет-Сет
25. April 2018 - 14:48

Синот на Брена имаше 119 килограми, а потоа ослабе 50 кг: Јадеше само салати, а потоа нарача огромна плескавица

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, со години се мачеше со вишокот килограми, а во последно време води сметка за тоа што јаде.

Младиот Живојиновиќ со правилна и избалансирана исхрана успеа да се ослободи од вишокот килограми. Успеа да симни околу 50 килограми со салати и месо, а го исфрли алкохолот, соковите, слатките и тестенините.

Често на Инстаграм објавува фотографии со храна, разни салати, а сега откри  и колкава плескавица може да изеде.

Да потсетиме, Виктор имаше 119 килограми, а потоа водејќи сметка за исхраната ослабе 50 килограми.