Џет-Сет
17. January 2016 - 17:26

Синот на Аркан го исмеа новото младо момче на Цеца

Војин Ражнатовиќ, син на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, продолжува со прозивките на сметка на Цеца Ражнатовиќ.

Последна во низата прозивки кои ги пишува на социјалната мрежа Фејсбук се однесува на новото момче на Цеца, манекенот Александар Јововиќ.

Судејќи по тоа дека Цеца неодамна ја призна врската со 16 години помладиот манекен, Војин тоа го искористи, пишувајќи дека пејачката годинава ќе го скокне одморот на Тајланд за да го однесе своето момче во Дизниленд.

-Голема е веројатноста Цеца да го прескокне Тајланд годинава зошто мора своето момче да го носи во Дизниленд, напиша Војин на својот Фејбук профил.

Да потсетиме, непосредно пред 16-годишнината од смртта на неговиот татко, Жељко Ражнатовиќ Аркан, Војин на Фејсбук ги прозва Цеца, и нејзините деца Вељко и Анастасија.

Меѓутоа фановите на Цеца ја поддржаа нејзината врска со манекенот и остро му возвратија на Војин.