Синот ја растурил клупата на татко му, a во неа открил тајна порака за мајка му
Неколку месеци откако татко му починал, младиот човек почнал да ја расклопува клупата која неговиот татко ја направил за неговата мајка. Но, таму пронашол скриена порака која ја споделил на интернет.
„Мојот татко починана 26 февруари на 51 годишна возраст од пукната артерија. Ја направил оваа клупа за мојата мајка, а ова е пораката која ја пронајдов под неа:
„Те сакам, Бека. Кој и да е овој ден, се надевам дека е добар. Бог ги слушна моите молитви и ми те даде тебе. Знам дека ова се најдобрите денови кои некогаш ќе ги имам и драго ми е што си и ти во нив. Не сум сигурен дали некогаш ова ќе го прочиташ, но знај дека многу те сакам. Ако постои една работа која ја сакам во животот, тоа е да бидам добар кон тебе, како што си и ти кон мене. Ако успеам во тоа, ќе бидам најсреќниот човек на светот. Те сакам, мој прекрасен животе“.
Трагедијата е што жената за прв пат ја прочитала оваа порака дури кога нејзиниот сакам маж починал, пишува dailymail.com.uk. Но, ова ќе го памети засекогаш, колку била сакана.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд