Македонија
22. November 2017 - 13:43

Синот го пронашол таткото мртов во шума во Сарај

Вчера утро во 07,30 часот во Полициско одделение-Сарај, Т.А. пријавил дека во пошумениот дел од с.Горни Грчец, го пронашол починат неговиот татко Е.О. (69) од с.Грчец-скопско, кој на 20.11.2017 година бил пријавен за исчезнат.

 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.