Балкан
9. јуни 2017 - 9:48

Синоќа пукање и масовна тепачка во Србија: Полицијата со калаши на улица, еден се бори за живот

Доцна синоќа се случил инцидент во Нов Белград во Србија кога дошло до крвава пресметка меѓу навивачите Делии и Гробари, при што дошло и до пукање.

Српскиот Курир пренесува дека на лице место интервенирала полицијата вооружена со калаши. Дошло до караница меѓу навивачите, па и пресметка, при што едно лице е тешко повредено, а друго се бори за живот. Едно момче е рането во пределот на стомакот.

На местото на настанот освен полицијата вооружана до заби, стигнале и неколку возила на Брза помош.

Повеќе од 20 возила биле блокирани на улица поради инцидентот.

Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.