Македонија
22. November 2018 - 10:27

Синоќа прегазена уште една жена во Скопје

Вчера во 20,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот .„Никола Карев“, патничко моторно возило „Форд Фокус“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.А.(23) од Р.Турција удрило во пешакот В.Л.(65) од Скопје.

По незгодата со возило со Итна медицинска помош В.Л. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.