Македонија
23. December 2015 - 19:29

Синоќа крвнички е претепан Сане Трајчев, лице со посебни потреби од кочанското село

Синоќа крвнички е претепан Сане Трајчев, лице со посебни потреби од кочанското село Бели. 33 годишниот Трајчев, вчера вечер бил на излегување во Кочани, по што повикал такси за да го однесе до неговото село. Таксистот, неместо да дојде сам, повикал уште двајца свои другари, го одвеле во кафеаната и го натерале да им плати пијалоци.  

-Ме излагаа. Ме тераа да ги частам. Плус пред с. Оризари зедоа уште едно машко и нагоре (кон селото) дојдоа со пиво-изјави Сане Трајчев, лице со посебни потреби од с. Бели

Пред влезот на селото застанеле и започнале да виткаат марихуана, по што го понудиле и Сане, меѓутоа откако тој одбил да консумира, започнале да го удираат.

-Мене ме тераа да пушам, јас несакав. Ме удараа по главата, по рацете, по грбот и рамото. Очилата ми ги фрлија, да ги закријат траговите, но крвта остана туке и се гледа- додаде Трајчев

Освен што го претепале, тројцата хулигани му украле и 6500 денари, пари кои фирмата каде што работи му ги ислапатила на име К15. Трајчев случајот го пријавил во полиција и вели дека правдата ќе ја бара на суд.