Македонија
18. May 2022 - 12:42

Синодот на МПЦ-ОА одлучи да ја прифати поканата за сослужување со СПЦ

Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија одлучи да ја прифати поканата за сослужување со Српската православна црква.

- Ја прифативме поканата од страна на српскиот патријарх, односно Соборот на СПЦ за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на Свети Сава, кажа владиката Тимотеј.

Како што информира владиката Тимотеј, МПЦ ќе ја предводи неговото блаженство архиепископот отец македонски и тројца митрополити во ранг најстарите се разбира во придружба на неколку наши соработници.

- Преку ова се воспоставува единство не само со СПЦ туку и со останатите православни цркви а тоа е еден чекор до очекуваното конечно разрешување на посакуваната цел а тоа е автокефалност на МПЦ, додава владиката Тимотеј. 

Владиката Тимотеј додава и дека најверојатно Томосот ќе биде подготвен до крајот на месецов.