Балкан
22. јуни 2017 - 9:55

Синиша направи невиден масакр па сите ги шокираше со изјавата во судницата

Синиша Златиќ кој го направи еден од најкрвавите масакри во Србија, со што го потресе целиот регион, откако уби петмина а рани 21 лице, доби 40. години казна затвор од Судот, а потоа се пожали дека казната е преголема.

Монструмот барал судската постапка да се повтори бидејќи кога го извршил делото бил непресметлив, па смета дека треба премногу да лежи за делото.

Судот не се сложи со вештакот дека Синиши во моментот бил непресметлив.

За потсетување, тој на 2. јули 2016. година, во летната тераса на кафулето Макијато, со автоматска пушка започна да пука, па рани многумина, а пет лица починаа на лице место.

Меѓу убиените беше и неговата сопруга, по која тој тргна од љубомора и направи невиден масакр.