Балкан
18. October 2015 - 12:39

Сине мој, животе мој, што ќе правам без тебе - Дејан испратен во вечниот дом

 Река од луѓе со солзи во очите и лелеци од болка го испратија во вечното живеалиште младиот голман на ФК "Борец", Дејан Мајсторовиќ кој почина на теренот.
 
 
 Неговата мајка Боранка, таткото Златко, браќата и сестрите, како и најблиските клупски другари и пријатели, го испратија 22-годишното момче во вечниот дом.
 
- Сине мој, животе мој, што ќе правам без тебе, викала мајката низ солзи едвај држејќи се на нозе.
 
Таткото Златко паднал на ковчегот и не можел да се одвои од него.
 
- Останавме без тебе, но вечно ќе те паметиме. Секоја наредна победа ќе ти ја посветиме тебе. Секогаш ќе бидеш со нас, велат од неговиот фудбалски тим.
 
Младото момче почина на теренот уште во шестата минута од натпреварот против ФК Братство.