Бизнис
12. August 2017 - 18:01

Синдикатот очекува од бизнис секторот да ја почитува минималната плата

Граѓаните со поделени мислења околу новото покачување на минималната плата. За едни зголемувањето на минималецот на 200 евра ќе значи подобар животен стандратд за други и ововј износ не е доволен за да ги задоволат потребите во домачинствотот.

-Ако се усвои тоа е добро 12 000 денари е повеќе, секакао кога се зголмеува дека и стандардот е поголем.

-12 илјади денари не се доволни поголема треба да е

Од сојузот на синдикати на Македонија  очекуваат сите рабодовачи да го почитуваат законот за минимална плата и на своите вработени да не им исплаќаат  износ   помал од  12 илјади денари. Сметаат дека   фирмите ќе имаат доволна подршка  и никој нема да треба да го намали бројот на вработени.

Државата одреден период финансиски ќе ги помага фирмите.  Тие ќе добиваат од 500 до 2000 денари по вработен во зависност од платата која ја примале работниците. Од следната година подршката ќе се намали и тоа  за 50 отсто. Работодавачите кои ќе добијат помош нема да смеат да го намалат бројот на вработени. Ако го направат тоа ќе треба на државата да и ги вратат парите.

Новиот закон за минималнат плата со кој се предвидува да изнесува 12 илјади денари веќе е  во Собрание. Се очекува да биде усвои и да стапи на сила од септември.