Македонија
24. October 2019 - 16:42

Синдикатот на вработените во културата доби ветување дека ќе потпишат колективен договор

Колективен договор до крај на годинава - ова е ветувањето на премиерот кон работниците од областа на културата, по едночасовната средба во Владата. Штрајк засега нема да има.  На средбата присуствувал и министерот за култура. Во ист состав ќе се сретнат повторно, за две недели, за поконкретно да ги усогласат ставовите- велат од Синдикатот за култура.

Во случај Заев да не си стои на зборот,  од синдикатот најавуваат дека ќе се активираат повторно со протести.

Пред две недели Синдикатот излезе на улица и бараа итно потпишување на колективен договор кој го немаат веќе 14 години. Од таму реагираа и дека сме единствената земја во регионот без ваков договор и голема разлика во платите меѓу дејностите.