Синдикатот на СГИП бара бенифициран стаж за градежните работници
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) денеска побара со најавената ревизија на Правилникот за бенифициран стаж да бидат опфатени и градежните работници.
Заменик-претседателот на СГИП Иван Пешевски на прес-конференцијата во Сојузот на синдикати на Македонија рече дека ја поздравуваат иницијативата на министерката за труд и социјална политика за ревизија на Правилникот за бенифициран стаж, но оти бараат да се земе предвид нивната иницијатива за бенифициран стаж отпочната во ноември 2013 година.
- Врз основа на направената анализа констатиравме дека има работни места кои го користат правото на бенифицираниот стаж во другите сектори, а истите работни места во секторот градежништво не користат такво право. Исто така со анализата се утврдени и нови работни места кои не се опфатени во Правилникот, а се третираат со висок степен на ризик и тешки услови за работа, рече Пешевски.
Од СГИП сметаат дека 26 работни места во областа на градежништвото треба да бидат опфатени со бенифициран стаж.
- Невклучувањето на СГИП и прошуштањето на едно работно место од веќе изготвената анализа на Синдикатот за градежништгво, инсутрија и проектирање че направи голема неправда кон оваа категорија на работници, истакна Пешевски.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, моментално вкупниот број од секторот градежништво е 37.919 работници, а во индустријата на градежни материјали има околу 310 работници.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација