Македонија
8. March 2021 - 8:57

Синдикатот на полиција го честита Денот на жената 8 Март

Меѓународниот ден на жената кој секоја година се празнува на 8-ми Март, претставува симбол на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, се наведува во честитката на Синдикатот на полицијата по повод 8 Март Денот на жената.

Синдикатот на полиција наведува дека овој ден се одбележува како оддавање почит на вложениот напор на жените за својата еманципација и извојување на еднаквост на половите иако оваа борба во некои земји се уште трае.

Синдикат на Полиција во Македонија на сите припаднички на понежниот пол во Министерството за внатрешни работи им го честита 8-ми Март „Денот на жената“, стои во честитката на Синдикатот на полиција.