Македонија
24. October 2019 - 16:43

Синдикатот на Клинички се пазари со власта, бараат минимална плата од 100.000 денари за да гласаат за Заев

Ако добијат плата од 100 000 денари, лекари и медицински персонал од скопските клиники ќе гласа за  СДСМ. Од Синдикатот на Клинички се пазарат со власта. Велат дека ќе ја поддржат владејачката партија доколку ги исполни ветувањата дадени на претходните избори. Дури и ќе влијаат кај нивното синдикално членство да им даде подршка на 12 април. За синдикалниот лидер нема ништо неетички во нивната одлука.

-Доколку ги остварат ветувањата ќе добијат поддршка, инаку зошто некој нешто би ветувал ако не очекува поддршка. Ние ќе побараме од членството, сепак, тие ќе одлучат како ќе гласаат. Не гледам зошто би било неетички, вели Горан Беговиќ, претседател на Синдикат на скопските клиники.

  Од синдикатот велат дека мора да дејствуваат овие два месеци бидејќи по новогодишните празници ќе има техничка влада. Доколку не наидат на соодветен одговор од власта за зголемување на платите, најавуваат протести.

-Ако не почнат да работат и да го рерализират тоа што го ветиле, ние ќе го собереме членството и ќе одлучиме што понатаму, дали протести, дали штрајк, вели Беговиќ.

Од синдикатот велатѕ дека сегашната плата на специјалист е 44,517 денари и била далеку од ветувањата во програмата на СДСМ. Но веруваат дека за лекари во терциерното зравство платата треба да биде 100 000 денари и двојно зголемена на останатите зсравствени работници  како мерка за задржување на медицинскиот кадар во земјата.