Бизнис
30. January 2017 - 19:45

Синдикатот на Југохром од утре најавува протести, раководството отпуштања, ако забраната за работа продолжи

Блокада на патиштата и отпуштања од рабоата најавува Југохром ако инспекторатот ја продолжи забраната за работа. Ќе се задржат само работници неопходни за одржување на комбинатот. Надлежните велат дека последниве три месеци им давале плата на вработените , но веќе нема услови за тоа. Бараат државата да обезбеди банкарски гаранции, со кои ќе можат да земат кредит од банките.  Со ова ќе  можат целосно да го инсталираат системот за отпрашување, кој ги чини околу 12 милиони евра.

- Кога веќе бара системско решение, државата треба да обезбеди и услови за работа особено ако се земе предвид дека еколошката дозвола подразбира комплетна изградба на нови погони, истакна Скендеровски во Стопанската комора, алудирајќи на проблемот со сопственоста на земјиштето.

Скендеровски посочи дека загадувањето во Тетово воопшто не е намалено иако Југохром не работи.

Ситуацијата дополнително ја влошува состојбата во металската индустрија. Производоството е намалено, а пад од една третина бележи и извозот. Надлежните бараат државата да дефинира јасна визија за тоа што ќе се случува со оваа индустрија, која е еден од водечките столбови на економијата. Потенцираат дека ова најмногу ќе се одрази на вработените.

Лани заклучно со ноември, производството на руди и метали бележи пад од 8 отсто а само кај металите има  11 % намалување.