Балкан
8. March 2016 - 10:55

Синдикатите утре ќе протестираат поради пензиската реформа во Грција

Двата главни синдиката, кои ги претставуваат вработените во државниот и приватниот сектор во Грција, утре ќе излезат на протест поради владиниот предлог-закон за пензиската реформа.

Синдикатите ГСЕЕ и АДЕДИ донеле одлука за 48-часовен штрајк, кога Владата ќе го поднесе во Парламентот спорниот предлог-закон.

Во повикот на Федерацијата на државните службеници АДЕДИ се наведува дека продолжувањето на борбата, додека се стави крај на однесувањето на Владата со поддршката на рестриктивните мерки во рамки на договорот со кредиторите на земјата, е пат во еден правец.