Синдикати на МЖ Транспорт: Да нема селективно покачување на платите во железницата
Синдикатот на МЖ Транспорт АД Скопје и Независниот синдикат на Транспорт АД Скопје денеска соопштија дека нема да прифатат, како што наведуваат, селективно покачување на коефициентот на сложеност на работните места и други привилегии на одредени работни места.
Во информацијата упатена до Министерството за транспорт и врски и раководството на МЖ Транспорт двете синдикални организации истакнуваат дека секое работно место има своја тежина.
- Сметаме дека не е коректно да се фаворизираат и привилегираат одредени работни места без да се изврши методолошко согледување на тежината и обврските на сите работни места. Ве повикуваме да ги исполните нашите барања и во укажуваме дека ако во најкусо време не постапите кон нив ќе преземеме порадикални мерки, се вели во соопштението.
Машинскиот персонал во МЖ Транспорт од вчера протестира со неисполнување на работните обврски, што предизвика целосно блокирање на железничкиот сообраќај. Претставникот на машинскиот персонал најави дека блокадата на сообраќајот ќе продолжи до исполнување на барањето за зголемување на коефицинетот за сложеност на работно место.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти