Бизнис
30. March 2018 - 19:37

Синдикат на градежници: Тендери да добиваат фирмите кои ги почитуваат законите и работниците

Тендерите за градба да ги добиваат фирмите кои ги почитуваат законите, кои не се отвораат преку ноќ и кои редовно ги подмируваат  давачките кон државата и кон работниците. Синдикатот за градежници  побара Владата да внимава при изборот на фирми пред  најавената градежна експанзија , за што издвои 270 милиони евра.

-Работа добиваат работодавачи кои не ги исполнуваат минималните обврски кон работниците и се врши злоупотреба и кршење на сите права од работен однос, рече Трендафилов Работа добиваат работодавачи кои не ги исполнуваат минималните обврски кон работниците и се врши злоупотреба и кршење на сите права од работен однос, рече Трендафилов.

Министерот за транспорт им вети – нетранспаретни тендери и фаворизирање на одредени фирми нема да има. Право за учество имаат сите компании кои ги исполнуваат условите.

По барање на Градежната Комора, повластената даночна стапка од 5% за продажба на нови станови ќе продолжи да се применува до 2023 та година. Со тоа ќе се спречи поскапување на метар квадратен. Побараа од институциите почитување на роковите за издавање градежни дозволи

-Институциите  да го  почитуваат временскиот рок од 20 дена за издавање на електронски дозволи., кои сами го одредија. Во реалноста,  ова не функционира, и неместо сите, содржани се половина од одобренијата, изјави Ивица Јаќимовиќ.

За непланската градба, посебно во главниот град, ги обвинија општините кои ги издаваат одобренијата и ги менуваат урбанистичките планови, без да изградат  соодветна инфаструктура која ќе ги поддржи сите ново изградени објекти.