Бизнис
4. August 2020 - 13:44

Синдикалците стравуваат дека поскапувањето на струјата ќе ги качи цените на производите и услугите

Поскапувањето на струјата ќе ги качи цените на многу производи и услуги, а тоа најмногу ќе се одрази по џебот на граѓаните, велат синдикалците. 

Од Независните синдикати на камионски превозници и градежни работници велат дека најголем дел од нивните членови земаат минимална, или нешто над минималната плата. Па, секое поскапување е директен удар за нив. 

Велат дека зголемувањето на минималната плата ќе се неутрализира со вакви поскапувања на цени на основните услуги и производи.

Бараат Регулаторна комисија за енергетика да ја преиспита одлуката.

Инаку РКЕ минатата недела одлучи да се зголеми цената на струајта за 7,4% поради намалените приходи на енергетските компании во минатиот период. Но, Регулаторна бара новиот собрански состав да го намали ДДВ-то за струја од 18% на 5%. 

Новата цена за струја ќе важи во следните 12 месеци.

 

Мирјана Јовеска