Џет-Сет
16. August 2017 - 18:41

Синди Крафорд откри трик како да се позира во бикини

Доколку сакате на фотографиите од плажа да изгледате како фотомодел, во тој случај добро би ви дошле советите на Синди Крафорд за позирање во костим за капање.

Имено, Крафорд на Инстаграм објави видео во кое објаснува некои трикови за заземање најдобра поза додека се прават фотографии во бикини, кои според неа, даваат резултати дури и кај девојки кои немаат „совршено“ тело.

Крафорд тврди дека „цаката“ е во тоа рамениците да бидат свртени кон фото апаратот, а колковите малку на страна.

На овој начин половината ќе изгледа потенко, вели Крафорд.