Македонија
17. April 2018 - 16:40

Син на пациентка се обидел да задави дежурна лекарка во кочанската болница

Лекарите од кочанскиот медицински центар со 10 минутен мирен протест го искажаа револтот од нападот врз нивна колешка. Имено, вчера доцна попладне, во болницата дошол синот на пациентката, која пред два дена била хоспитализиран и на која лекарите и го спасиле животот и побарал од дежурната докторка да му ги прочита резултатите. Откако му било укажано дека во моментот има поитна работа, односно да им се даде инсулинска терапија на болните, тој и се заканил дека ќе и го извади гркланот, доколку тоа не го стори веднаш. Потоа ја нападнал физички и почнал да ја дави, а случајно ја спасиле двајца млади луѓе кои ја донеле својата баба на лекување.

- Ова не се случува прв пат, такво насилие од страна на членови на семејства и затоа ние мораме да ко искажеме револтот од страна на сите вработени во медицински центар кои се грижат за здравјето на луѓето во цела општина и околината-изјави д-р Борка Панова, директор Орка Панова, директор на медицински центар - Кочани.

Со таков пристап, додава Панова, лекарите сигурно не ќе бидат поспособни да си ја вршат должност, а згора на тоа што во континуитет им се одлева лекарскиот кадар, па се принудени да работат во редуциран број.

-Притисокот врз лекарската фела и останатите вработени, навистина веќе ги помина сите граници- изјави Панова

Нападнатата докторка од денес е на боледување поради претрпениот психички стрес и физичките