Македонија
22. December 2015 - 13:08

Син на арачиновец должел пари па заиграле пиштолите

 
 
Околу 18 часот во селото Арачиново во текот на вчерашниот ден, 71-годишниот Е.Б.Б пријавил дека насилници го нападнале со сопругата во неговата куќа. Според податоците од полицијата, додека тој седел со неговата сопруга Ф.Б. некој затропал на влезната порта, и кога ја отворил вратата насилниците Ф.М. и Ш.М. веднаш го турнале на земја и влегле во дворот, а едниот од нив извадил пиштол, го вперил во главата на старецот, по што почнале да му се закануваат по неговиот животот и животот на неговото семејство. Тие од него барале да им каже каде се наоѓа неговиот син А.Б., кој наводно им должел пари. Во тој момент надвор излегле и неговата сопруга, синот З.Б. и снаата М.Б., кои од страв побегнале и веднаш повикале полиција, а  разбојницитепобегнале во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.