Џет-Сет
29. November 2017 - 11:11

„Син ми беше клинички мртов“: Поради ова познатата пејачка ќе и биде благодарна на Шерифовиќ!

Српската пејачка Нада Топчагиќ се присети на драмата која се случила пред седум години и и се заблагодари на Марија Шарифовиќ затоа што му помогнала на нејзиниот син.

Да подесетиме, наследникот на Нада се здоби со тешки повреди во 2010 година на скијање на Јахорина, а како што пишува „Курир Старс“, докторите два пати го враќале од мртвите, како и дека изгубил многу крв и дека за малку ќе останел без десната нога.

- На Марија ќе и бидам благодарна додека сум жива! Сите ме бараа и ми нудеа помош - Маринко Роквиќ, Снежана Џуришиќ, Гоца Божиновска, но Марија Шерифовиќ се понуди да прати хеликоптер, затоа што полицијата и војската затаија. Кога само ќе се присетам  како пеев и им давав прилози на полицијата и восјката, па така да ми вратат. Затоа Марија ти благодарам на тој гест, изјавила Нада Топчагиќ.