Македонија
8. July 2020 - 16:53

Симулација на процесот на гласање според посебните протоколи

Ова е процедурата што ќе треба да ја помине секој граѓанин што ќе излезе на гласање следната среда.

Пред избирачкото место секој гласач ќе мора да оддржува соодветно растојание од 1,5 до 2 метра. Во просторијата за гласање ќе може да влезат максимум двајца гласачи, кои на влез ќе мора задолжително да ги дезинфицираат рацете. Отккао ќе влезат на соодветно растојание накратко ќе мора да ја извадат маската за да може избирачката комисија да ги идентификува. По гласањето, повторно задолжително ќе мора да ги дезинфицираат рацете.

ДИК оцени дека симулацијата била успешно спроведена, а посочија и дека има услови безбедно да се оддржат изборите.

Од ОБСЕ апелираа граѓаните строго да ги почитуваат здравствените протоколи на денот на гласањето.

Сите кои живеете и работите во земјава строго следете ги националните здравствени протоколи. Тоа е дел од нашите животи сега и секако, знаете, целиот изборен процес, сите засегнати страни се обврзани да го прават истото, мислам изборната комисија, учесниците на овие избори и исто така набљудувачите.

Денеска истекува рокот за пријавување на заразени лица со Ковид-19 и оние граѓани кои е се во самоизолација. Заклучно со вчера се пријавиле 137 лица.

Досега 10 проценти од избирачките места биле сменети, бидејќи не ги исполнувале критериумите за гласање поради коронавирусот.