„Симсонови“ го предвидоа претседатеот Трамп уште пред 16 години- Еве и докази!
„Симсонови“ успеале многу пати да ја предвидат иднината, но дури и креаторите на оваа култна серија веројатно не претпоставувале дека 16 години однапред „ќе го видат“ претседателот на САД.
По победата на Доналд Трамп на изборите за Претседател на САД, вреди да се подсетиме на епизодата „Bart to the Future“ која е емитувана во март 2000 година.
Ден Грини, сценаристот на „Симсонови“, вели за „Hollywood Reporte“:
- Тоа беше предупредување за Америка. Тоа изгледаше како логичен чекор пред да го допреме дното. Тоа сценарио го употребивме затоа што се поклопува со ситуацијата во која Америка го губи разумот.
youtube.com/watch?time_continue=71&v=-J679NT-ma8
И Мет Гроинг се согласува:
- Предвидовме дека ќе биде претседател уште во 2000 година, но Трамп секако беше најапсурдниот можен лик, име кое служеше за потсмев во тоа време и тоа важи и понатаму. Тоа е повеќе од сатира, изјавил тој.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО